Казни за 50 моторциклисти во Скопје

Во рамки на денешната зајакната акциска контрола што ја спроведе полицијата од 10:00 до 18:00 часот, на територијата на СВР Скопје се санкционирани 50 мотоциклисти.

Од нив, како што соопшти МВР, 24 не носеле кацига, шест возеле без возачка дозвола, а одземени се и три мотоцикли согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, санкционирани се и други прекршоци.

„Засилените акциски контроли продолжуваат. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, апелира МВР.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе