Казни за 42 возила што вршат јавен превоз, 22 имале неисправни сопирачки

Министерството за внатрешни работи вчера од 8 до 12 часот спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред сѐ автобуси и комбиња, при што откриени и санкционирани се 42 технички неисправни возила.

Од нив 22 имале неисправен уред за запирање, 6 неисправен уред за управување итн. Од овие 42 прекршоци, 11 биле констатирани на територија на СВР Тетово, 10 на територија на Скопје... Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе