Казни за 41 пешак во Скопје

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера во Скопје се изречени вкупно 236 мерки, од кои 35 биле за возење над дозволената брзина, информира МВР.

Исто така, изречени се 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и  нерегистрирани возила, 15 за користење мобилен телефон, 41 санкција за пешаци, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 31 за некористење сигурносен појас и 45 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.  

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе