МВР

Казни за 339 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи.

Како што информираат од Министерството од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 179 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 119 други видови прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе