Казни за 261 „брз возач“

Министерството за внатрешни работи вчера од 18.00 до 00.00 часот на територија на државата, со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, санкционираше 261 возач поради движење со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 15 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа, 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се наведува во соопштението на МВР. 

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе