Казни за 196 учесници во сообраќајот во Скопје

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 12 за возење под дејство на алкохол, четири мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе