Казни за 154 возачи на територија на државава

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата при што санкционирани се 154 возачи за движење со брзина поголема од дозволената.

Од санкциите, 14 се возила за движење со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со над 70 километри на час. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, наведува МВР.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе