Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за возач почетник, три мерки за прекршоци што ги прават пешаците...
„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.