Казни за 14 моторџии во акцијата против „диви трки“ во Скопје

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје синоќа од 20.00 до 02.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје и санкционира 14 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци.

Од нив еден мотоциклист бил приведен во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Чаир поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите. Исто така и два моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе