МВР

Казни за 137 возачи во Скопје, 49 се за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49, седум санкции за возење без возачка дозвола и десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Изречени се 18 санкции за непрописно престројување на возила, пет за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас и осум санкции за непрописно паркирани возила, соопштуваат до МВР.

Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе