Казни за 134 возачи, 45 управувале автомобил со брзина над дозволената

Во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје изречени се вкупно 134 мерки за прекршоци во сообраќајот. Од нив, 45 се за брзо возење и 10 за возење без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека полициските службеници изрекле и 48 мерки за непрописно паркирање, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци и четири мерки за користење мобилен телефон. Шест прекршоци им се изречени и на велосипедисти и мотоциклисти.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе