По барање на скопското обвинителство

Казни од по 3.600 евра за браќа кои на скопскиот аеродром прикажале лажни ПЦР тестови

Иако биле позитивни на ковид-19 и морале да бидат во изолација, две лица на возраст од 24 и 26 години се обиделе да ја напуштат Македонија со меѓународен лет. На скопскиот аеродром прикажале лежен негативен тест. Обвинителството бара обвинетите да бидат казнети со по 3.600 евра, односно казната е дефинирана како 90 дневни глоби при што дневната глоба е утврдена на 40 евра, 

Иако со Решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 5 април на двајцата обвинети им била определена задолжителна изолација и лекување во домашни услови како потврдени случаи на заболени од ковид-19, тие на 7 април со лет од Меѓународниот аеродром Скопје се обиделе да ја напуштат државата, информираат од Јавното Обвинителство.

Како што се наведува во соопштението лицата пред овластените службени лица на аеродромот прикажале лажни потврди за негативен ПЦР тест за коронавирус, наводно изработен од лабораторија во Скопје на истиот ден кога всушност добиле позитивен резултат. Иако знаеле дека таков сертификат не им е издаден од наведената лаборатирја, тие сепак потврдите ги употребиле како вистинити, со што сториле две кривични дела.

„Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26 години, заради кривични дела – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1, како и Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје секое од сторените кривични дела да го санкционира со парична казна од по 50 дневни глоби во вредност од по 40 евра, односно на двајцата сторители да им изрече единствени парични казни од по 90 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 40 евра во денарска противвредност“, соопштуваат од ЈО.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе