Обвинителството бара

Казни од по 2.000 евра за седум лица заради непочитување на полицискиот час

Скопското обвинителство побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 2.000 евра на седум лица кои од полицијата биле затекнати како не го почитуваат полицискиот час.

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд достави предлози за издавање казнени налози од по две илјади евра против седум лица за непочитување на полицискиот час во Скопје.

„Обвинетите го сториле делото така што не ги почитувале прописите со кои е определена забрана за движење на населението во определен дел од денот – полициски час, како мерка за спречување на ширењето на заразна болест. Без да поседуваат дозвола, се движеле на различни локации во градот за време на полицискиот час, при што биле затекнати од полициски службеници“, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители предложиле Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Сите лица се товарат за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе