Обвинителството бара

Казни од по 1.000 евра за седум лица

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање парични казнени против седум лица за прекршување на полицискиот час.

„Тројца од нив се движеле пеш или со возило во Куманово, за време додека во сила бил полицискиот час односно во сила биле прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид– 19. Четворица обвинети се движеле низ Кратово и со тоа постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија“, информираат од ОЈО.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на судот му предложил да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.

Сите се обвинети за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе