Во Ресен

Казнети три лица за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица заради кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.

Обвинетите, како што е наведено во соопштението, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест предизвикана од коронавирусот Ковид-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена од Владата.

„Првообвинетиот на 24 март, наспроти донесената Одлука за забраната за движење на населението од 21:00 до 05:00 часот, бил затекнат во 22:10 часот како со патничко моторно возило Форд се движел кон излезот на Ресен спрема село Царев Двор. Вториот обвинет, инаку жител на Битола, на 25 март во 21:20 часот бил затекнат како го напуштал Ресен со патничко моторно возило Алфа Ромео, при што бил сопрен од полициските службеници кај контролниот пункт м.в. „Гранит" Ресен на излезот према Битола. Третиот обвинет, пак, на 25 март околу 23:00 часот се движел по ул.„29-ти Ноември" во Ресен поточно пред ОВР Ресен каде бил затекнат од полициски службеници на ОВР Ресен“, велат од Обвинителство.

Јавните обвинители кои постапуваат во предметите на Основниот суд Ресен му предложиле на секој од тројцата обвинети да им биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе