Казнети над 200 возачи на подрачјето на Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на изминатата ноќ, во времето од 22,00 до 04,00 часот, спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози.

 Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 79 останати прекршоци за кои се издадени 44 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе