Сообраќајна контрола во Скопје

Казнети мотоциклисти, возачи без возачка дозвола, пијани возачи...

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција во Скопје изрече вкупно 162 казни за возачи, од кои за брзо возење 16 санкции, 16 лица се казнети затоа што возеле без возачка дозвола, 20 мерки им се изречени на мотоциклисти за сторени прекршоци, осум возачи се казнети затоа што зад воланот седнале во алкохолизирана состојба.

Казнети се и 10 возачи кои зборувале на мобилен телефон, 13 санкции се изречени заради тоа што возилата биле технички неисправни или нерегистрирани, двајца возачи се канзети за минување на црвено светло.

Засилените акциски контроли продолжуваат, предупредуваат од МВР и апелирааат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе