СВР Скопје

Казнети 87 возачи поради брзо возење

Две лица биле тешко повредени, а осум полесно во 21 сообраќајна несреќа што изминатиот викенд се случиле во Скопје.

Според СВР Скопје, во сообраќајните несреќи, 87 возачи биле казнети оти возеле со брзина поголема од дозволената. Полицијата санкционирала 39 возачи, а од нив седум управувале возило под дејство на алкохол, 22 управувале пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, а 10 биле возачи почетници.

Од сообраќај биле исклучени 13 возила бидејќи биле нерегистрирани, а едно било технички неисправно.

Полицијата казнила 17 возачи кои поминале на црвено светло, двајца бидејќи неправилно се престрoиле, двајца возачи не дале првенство на минување на возила и двајца мотоциклисти не носеле заштитен шлем.

Полицијата санкционирала еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин и двајца кои поминале на црвено светло.

Во текот на изминатите денови биле издадени 57 мандатни платни налози,  а со „пајак“ биле подигнати 64 возила.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе