Казнети 80 мотоциклисти во Скопје

Денеска од 10 до 18 часот полицијата спроведе зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 80 возачи.

Од нив, 45 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 25 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

 

 

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе