Сообраќајна контрола

Казнети 77 пешаци во Скопје, 293 во целата земја

Од 216 казни за сообраќајни прекршоци изречени од сообраќајната полиција во Скопје, 77 казни им биле напишани на пешаци кои улица преминувале на црвено светло или надвор од пешечки премин. Во повеќе градови казнети се вкупно 293 пешаци, од кои 47 во Битола.

Од вкупно 293 казнети пешаци, 253 се казнети за минување улица надвор од пешачки премин, а останатите за преминување улица на црвено светло за пешаците.

Покрај 77 пешаци во Скопје, сообраќајната полиција казни 37 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзија, а при контрола на документи е утврдено дека 14 лица немале возачка деозвола.

„Изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон, пет мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 44 за непрописно паркирање“, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од сообраќакјната полиција и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе