МВР

Казнети 591 лице за неносење маска, 48 лица не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на нашата држава регистрирани се вкупно 591 прекршок за неносење лишна заштита, а 48 лица не ја почитувале забраната за движење, од кои 38 се приведени.

Како што соопшти МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 166 лица им се издадени решенија за изолација, а 197 потпишале изјави за самоизолација.

„Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се седум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, информираат од МВР. 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе