СВР Скопје

Казнети 56 возачи поради брзо возење

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни несреќи од кои шест сообраќaјни несреќи со телесни повреди и пет со материјална штета.

Во сообраќајните несреќи осум лица се здобиле со телесни повреди. Полицијата санкционирала 56 возачи кои управувале возило со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај биле исклучени 10 возачи. Од нив еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, седум бидејќи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи - почетници. Од сообраќај биле исклучени и шест возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување и шест возачи поради непоседување на зимска опрема.

Во текот на изминатиот ден издадени се 76 мандатни платни налози и 76 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе