Сообраќајна контрола

Казнети 52 пешаци во Скопје

За време на сообраќајните контроли на улиците во Скопје полицијата им напиша казни на 52 пешаци за преминување на улица каде нема пешачки премин. Казнеи се и 29 возачи кои возеле со брзина над дозволената. За различни сообраќајни прекршоци казнети се 216 лица.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29 возачи, полицијата регистрира 52 прекршоци на пешаците, пет лица се казнети за за возење без возачка дозвола.

Изречени се 13 санкции за користење на мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и 66 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе