Во Скопје

Казнети 400 возачи во Скопје, од нив 65 за пречекорена брзина

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје полицијата изрече вкупно 400 санкции, меѓу кои 65 за пречекорување на дозволената брзина на движење, а 47 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Полицијата регистрирала и 14 прекршоци од возачи кои поминале на затворен семафор, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 15 мотоциклисти, 51 изречена мерка за непрописно паркирање, 48 возила подигнати со „пајак" и 36 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во денешното соопштение од МВР. 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе