Сообраќајна контрола

Казнети 39 возачи во Скопје за брзо возење

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на улиците во Скопје на радар регистрира 39 возила кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Изречени се вкупно 142 казни, а 11 лица возеле без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден  на територијата на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 39, 11 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни возила за јавен превоз.

Изречени се пет санкции за користење на мобилен телефон, шест за минување на затворен семафор (црвено светло), пет за некористење сигурносен појас и 16 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе