На територијата на Скопје се изречени вкупно 176 санкции за различни прекршоци. Освен за брзо возење, казенти се 11 лица кои возеле без возачка дозвола, шест возачи се казнети за зборување на мобилен телефон, шест за нерегистрирани или технички неисправни возила, а осум возачи затоа што поминале на црвено светло.
Казнети се и шест мотоциклисти, како и 15 пешаци за минување на улица надвор од пешачки премин или на црвено светло за пешаците.
Засилените акциски контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.