Сообраќајна контрола

Казнети 346 возачи за возење над дозволената брзина

За време на вчерашните радарски контроли низ земјава, сообраќајната полиција им изрече казни на 346 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина, повеќето од половината од нив возеле брзо низ населени места, а 69 низ Скопје, информира МВР. 

Од казнетите 346 возачи, 20 од нив возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Дури 167 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 179 надвор од населено место. 

МВР информира дека за време на сообраќајните контроли во Скопје  изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол. Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, седум за прекршоци на мотоциклисти, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, а 47 за непрописно паркирање.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе