Акциска контрола

Казнети 34 возачи кои биле под дејство на алкохол

Ноќеска во периодот од 23.00 часот до 05.00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол.

Кај 32 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека двајца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 34 возачи се исклучени од сообраќај, на сите времено им се одземени возачките дозволи и поднесени им се мандатни платни налози. 

Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 15 прекршочни платни налози. 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе