Сообраќајна контрола

Казнети 319 возачи во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден изрече санкции за 319 учесници во сообраќајот на територијата на Скопје. За брзо возење се казнети 44 возачи, 41 лице не поседувало возачка дозвола, а 24 прекршоци биле регистрирани кај возачи на мотоцикли,.

Констатирано е дека 17 возила биле технички неисправни или нерегистрирани. Седумнаесет лица се казнети за некористење сигурносен ремен, 17 за користење мобилен телефон, 94 санкции се изречени за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе