Казнети 27 мотоциклисти во Скопје

Сообраќајната полиција за време на вчерашните контроли низ Скопје казни 27 возачи на мотоциклисти за различни прекршоци. Воедно казнеети се 141 учесник во сообраќајот во Скопје. Во цела Македонија пак, казнети се 141 возач за брзо возење.

Покрај казнетите мотоциклисти во Скопје се изречени и 14 казни за брзо возење, а 10 лица се казнети затоа што немале возачка дозвола.

Изречени се и четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за користење на мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на црвено светло.

При радарска контрола на патиштата и улиците низ Македонија за брзо возење казнети се 141 возач, од нив 47 ја пречекориле дозволената брзина во населено место.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, предупредуваат од МВР.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе