Казнети се 22 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, 14 за управување возило без возачка дозвола, изречени се 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 10 мерки за користење на мобилен телефон, пет мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, како и осум санкции за минување на црвено светло.
Од МВР предупредуваат дека и во наредниот период продолжуваат со засилените акциски контроли во сообраќајот.