Казнети 23 возачи кои користеле мобилен

Во Скопје и во околината вчера се случиле девет сообраќајни несреќи, во кои три лица се тешко повредени, а други две полесно.

Од сообраќај биле исклучени 41 возач, кои се движеле со поголема брзина од дозволената, седум други биле пијани, 13 немале возачка дозвола, информираа денеска од СВР Скопје. Исто така, 16 возила кои не биле регистрирани се исклучени од сообраќај.

Пајакот подигнал 55 возила, а за непрописно паркирање се издадени 65 казни.

Од СВР Скопје соопштуваат дека во текот на вчерашниот ден 23-ца користеле мобилен телефон за време на управување со моторното возило, а осум не носеле сигурносен појас.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе