Сообраќајна контрола во Скопје

Казнети 21 лице, возеле без возачка дозвола

За време на сообраќајните контроли вчера во Скопје, полицијата откри 21 лице кои возеле без возачка дозвола. За разни прекршоци казнети се 150 возачи.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 19 санкции се изречени за возење со брзина поголема од дозволената, 15 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет казни за користење мобилен телефон, осум за нерегистрирани возила, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за возење под дејство на алкохол, пет за минување на црвено светло.

МВР укажува дека ќе продолжат засилените акциски контроли на полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе