СВР Скопје

Казнети 202 возачи за брзо возење

Дури 202 возачи возеле со брзина поголема од дозволената, а 45 возачи управувале пијани, изминатиот викенд во Скопје, информира СВР Скопје.

Според полицискиот билтен, за време на викендот се случиле 31 сообраќајна несреќа, а 26 лица се здобиле со полесни повреди. Во 13 сообраќајки е причинета материјална штета.

Од сообраќај биле исклучени 47 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и 11 возачи-почетници.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 39 нерегистрирани возила, а напишала и 120 казни за непрописно паркирање. 

На црвено светло поминале 16 возачи, а седум не им дале предност на пешаци на обележан пешачки премин.

Дваесет и четворица возачи на мопеди и моторцикли не користеле заштитни шлемови.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе