МВР

Казнети 200 возачи за брзо возење низ Скопје

Во текот викендов превземени се мерки и активности и констатирано е дека 201 возачи управувалe возило со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.

Од сообраќај се исклучени 77 возачи од кои: 33 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 44 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 43 возила бидејќи биле нерегистрирани.

„Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,четворица возачи поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување,четворица возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четворица возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци. Во текот на изминатите денови издадени се 384 мандатни платни налози“, информираат од МВР.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе