Казнети 158 возачи во Скопје, 59 за брзо возење

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 158 мерки, во рамки на засилените акциски контроли што ги спроведува Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот.

Како што соопштија од МВР, меѓу мерките 59 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 22 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 за прекршоци на возачи на мотоцикли.

„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, повикуваат од МВР.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе