Казнети 150 возачи за брзо возење

За време на радарските контроли на патиштата и улиците низ Македонија вчера биле казнети 150 возачи, од кои 24 во Скопје. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 52 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за минување на црвено светло, 13 мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз и пет мерки за нерегистрирани возила..

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе