Казнети 150 возачи во Скопје, 58 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе