Сообраќајна контрола

Казнети 14 возачи кои зборувале на мобилен телефoн

За време на вчерашните сообраќајни контроли казнети се 10 пешаци, 13 мотоциклисти, седум возачи кои не користеле сигурносен ремен, а вообичаено, најмногу казни се изречени за брзо возење. 

За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 13 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. 

Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат,, предупредува МВР.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе