Сообраќајна контрола во Скопје

Казнети 12 пешаци, казни за вкупно 107 учесници во сообраќајот

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција казни 12 пешаци кои улицата ја преминувале надвор од пешачки премин. Вкупно се казнети 107 учесници во сообраќајот, а најголемиот број се возачи кои возеле побрзо од максимално дозволената брзина.

За возење повеќе од дозволената брзина израчени се 32 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на затворен семафор - црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, две за користење на мобилен телефон, две мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, информира МВР.

Од Министерството предупредуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе