„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за некористење сигурносен појас“, информира МВР и предупредува дека и во наредниот период продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот.
Сообраќајна контрола во Скопје
Казнети 12 лица кои возеле без возачка дозвола

Црна хроника
Објавено на
27 Септември 2022 - 09:00