Сообраќајна контрола во Скопје

Казнети 12 лица кои возеле без возачка дозвола

За време на сообраќајните контроли во Скопје, покрај за брзо возење, што вообичаено се и најбројни од изречените казни, полицијата казни и пет возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин, како и 12 лица кои возеле без возачка дозвола.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за некористење сигурносен појас“, информира МВР и предупредува дека и во наредниот период продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе