„На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 109 санкции за прекршоци што ги прават пешаците“, соопшти МВР.
Во соопштението се наведува и дека се изречени шест казни заради технички неисправни и нерегистрирани возила, четири возачи се казнети затоа што возеле под дејство на алкохол, шест возачи се казнети затоа што не им дале предност на пешаците, а напишани се и 42 казни за непрописно паркирање...