Кавадарчанец тешко повреден на патот Градско – Прилеп

Кавадарчанец бил тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот Градско – Прилеп.

Вчера во 20.45 часот било пријавено дека на патот Градско – Прилеп, кај с.Раец, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес", со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(56) од Битола и патничко возило „ланчија", со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(42) од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.П., констатирани во Општата болница Кавадарци, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Кавадарци.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе