Камионџија тешко повреден, излетал на автопатот Демир Капија-Миравци

Скопјанецот С.Ј.(37) бил повреден кога со камионот што го управувал излетал од пат, вчера кај Демир Капија.

 

МВР информира дека сообраќајката се случила во 19.40 часот на автопатот Демир Капија – Миравци, кај месноста Јаворица кога камион „волво“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка „кроне“, управуван од С.Ј. од селото Петровец, излетал надвор од коловозот.

Притоа, со тешки повреди се здобил возачот С.Ј, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Итна медицинска помош Неготино, од каде бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе