Ова рано утрово се случило на излез од Стар Дојран, во населбата Карач, кога полицајци во товарно возило влекач „ман“, со штипски регистарски ознаки со приколка, пронашле 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш), кои биле предадени за понатамошна постапка, по што ќе бидат спроведени до прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.
Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од полициската станица Гевгелија.