Камион удрил во полициско возило, фатени 42 мигранти

Возач и совозач на камион откако виделе дека има полициска контрола, избегале и го оставиле камионот во слободно движење кој удрил во полициско возило. Во камионот имало 42 мигранти.  

Ова рано утрово се случило на излез од Стар Дојран, во населбата Карач, кога полицајци во товарно возило влекач „ман“, со штипски регистарски ознаки со приколка, пронашле 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш), кои  биле предадени за понатамошна постапка, по што ќе бидат спроведени до прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.

Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од полициската станица Гевгелија.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе