Камион удрил во пешак во Аеродром

Педесет и четиригодишен скопјанец со камион удрил во 81-годишен пешак во Аеродром. Повозрасниот маж со тешки повреди бил пренесен во болница. Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 09.20 часот на сервисната улица позади трговскиот центар „Капитол" кога камион „мерцедес", со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.М.(54), удрил во пешакот В.Ј.(81) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември" за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе