Камион удрил во автомобил, македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија

На патниот правец Елбасан-Пеќин попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувал и македонски државјанин.

Во собраќајката се повредени три лица откако камион управувам од македонскиот државјанин удрил во автомобил мерцедес. Повредените се пренесени во болницата во Елбасан и се вон животна опасност.

„Сообраќајната несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Папер. Од се уште непознати причини дошло до судар меѓу автомобил „мерцедес“ управуван од М.К. жител на Тирана и камион со кој управувал македонскиот државјанин Х.Ф. од Тетово, стои во полициското соопштение.

Се додава дека увид врши истражна екипа, која треба да ја расветли причината за несреќата.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе