Во близина на Кичево

Камион излетал од пат, возачот загинал

Возач на камион загинал, а сопатник бил повреден кога камионот во кој се возеле излетал од патот и удрил во дрво, вчера на регионалниот пат Прилеп-Кичево. Според полицијата, животот го загубил Р.З.(60) од селото Самоков, Македонски Брод.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случичила во 12.05 часот, во атар на селото Русјаци. Камион „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Р.З. излетал од патот и удрил во дрво. ОД ударот возачот се здобил со тешки повреди, но починал на пат за болницата во Прилеп.

Сопатникот С.А. (18) од село Ковче, Македонски Брод, бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе